Аеродром може да слави - МЗТ со тешка мака го совлада Карпош Соколи во финалето на македонскиот суперкуп

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром лесно славеа во финалето во македонскиот суперкуп одигран во Јане Сандански против Карпош Соколи, 87:84.

    После првата четвртина аеродромци имаа предност од 7 поени, 23:16. Вторите десет минути видовме во Јане Сандански доминација на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, 25:14. На полувреме членот на АБА лигата замина со предност од 18 поени, 48:30. Во последните 10 минути од натпревар кошаркарите на МЗТ влегоја со предност од 16 поени, 71:55. На четири минути до крајот на натпреварот соколите намалија на 2 поени негатива, 76:74.  Соколите во последната минута успеаа да израмнат, но Тори Томас во последните 5 секунди погоди тројка за водство на кошаркарите на МЗТ. Пери од својата половина во последниот напад не успеа да погоди за три поени за да го израмни резултатот. Конечни 87:84.

    Томас со 19 поени и 11 асистенции го предводеше МЗТ Скопје до титула на денешниот натпревар. Скот додаде 18, а Мејси 16 поени. Двоцифрен заврши и Темс кој постигна 14 поени. Кај соколите, Пери беше најефикасен со 29 поени и 9 асистенции. Лабовиќ и Ламонт го завршија натпреварот со 17 поени.

    Тори Томас ја доби МВП наградата, а пехарот го подигна капитенот, Џеремаја Мејси.

     

    МЗТ Скопје го освои македонскиот суперкуп.