Петарда за младите сили на Вардар – Без шанси за пласман за понатаму во реваншот


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Вардар до 19 години на гости кај Салзбург беа поразени со убедливи 5:0 во првиот натпревар од квалификациите за ЛШ.

    Салзбург беше фаворит на овој натпревар и го оправда тоа со убедливата победа.

    Во првото полувреме видовме три погодоци во мрежата на голманот на Вардар, Трајчевски. Хаидара во 21-ва минута погоди за водство на австрискиот клуб. Истиот фудбалер го постигна вториот погодок на натпреварот и втор за Салзбург во 33-та минута. Пред крајот на првото полувреме Бериша погоди за 3:0. Шлагер во 66-та минута зголеми на 4:0. Петардата на овој натпревар ја пукна Бериша во 88-ма минута со вториот погодок на натпреварот.

    Реванш натпреварот ќе се игра на 19-ти октомври во 19:00 часот.