Пјаниќ доби пофалби од Игуаин!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Старата дама лесно дојде до победа на Максимир против Динамо од Загреб. Убедливо со 4:0.

    Првиот гол го постигна Пјаниќ, вториот Игуаин по асистенција на Пјаниќ.

    „Пјаниќ има очи на грбот. Таа асистенција беше феноменална. Среќен сум поради оваа нова победа во Хрватска“ – вели Игуаин и додаде:

    „Дибала е одличен партнер во нападот, само игра подалеку од мене. Му реков дека мора да биде поблизу за подобро да функционираме. Сепак негов е изборот како ќе игра“