Малезија – Хамилтон стартува од пол позиција


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    На утрешната трка за ГН на Малезија, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позиција.

    Хамилтон на денешните квалификации имаше најдобро време. Неговиот клупски колега, Нико Розберг ќе стартува од втората позиција. Возачите на Ред Бул, Ферстапен и Рикиардо ќе стартуваат од третата и четвртата позиција. Следуваат двата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен. Перез и Хулкенберг ќе стартуваат од осмата и деветата позиција, а 10-ти Фелипе Маса. Во првиот дел од квалификациите испаднаа Ериксон, Наср, Палмер, Окон, Верлејн и Алонсо. Ботас, Грожан, Гутиерез, Магнусен, Квјат и Сајнц испаднаа од вторите квалификации.

    Трката утре на програмата е од 09:00 часот.