Работнички се спаси од пораз – Силјановски во судиското продолжение му донесе бод на романтичарите


    Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во единствениот натпревар кој се одигра денес од првата македонска фудбалска лига помеѓу Работнички и Брегалница заврши нерешено. 1:1.

    Натпреварот се играше на стадионот во Ѓорче Петров, а видовме по еден погодок на двете страни. Прво Горан Здравков му донесе водство на Брегалница во 62-ра минута. Романтичарите извлекоа бод во последните минути од натпреварот поточно во 92-ра минута кога Горан Силјановски погоди и ги постави конечните 1:1.

    Брегалница во девет кола има четири нерешени, а за романтичарите ова беше прво реми оваа сезона.