Келн ја запре победничката серија на Баерн, Ибишевиќ и донесе победа на Херта,


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во шестото коло од Бундеслигата денес се одиграа пет натпревари.

    Фудбалерите на Баерн Минхен беа запрени после 5 победи по ред во Бундеслигата. Келн успеа да извлече бод од гостувањето на Алијанц Арена. Кимих му донесе водство на Баерн во првото полувреме. Во вториот дел Модесте израмни и до крајот на натпреварот резултатот не се промени, 1:1.

    Во Дармштадт видовме четири погодоци, но и поделба на бодовите. Чолак од пенал погоди за водство Дармштадт. Сане и Гнабри во второто полувреме направија пресврт и го донесоја Вердер во водство, но Чолак со својот втор погодок на натпреварот и втор погодок за Дармштадт ги постави конечните 2:2.

    Со погодокот на Грифо во четвртата минута Фрајбург славеше на домашен терен против Франкфурт со 1:0.

    Босанскиот фудбалер, Ведад Ибишевиќ со двата погодоци му донесе три бода на Херта против Хамбургер. Првиот погодок Ведад го постигна во 29-та минута, а вториот беше од белата точка во 70-та минута.

    Хофенхајм славеше на гостувањето во Инголштадт со 1:2. Вагнер и Демирбај беа стрелци на погодоците за Хофенхајм. Единствениот погодок за Инголштадт на натпреварот го постигна Хинтерсеер од белата точка во 94-та минута.