Неуспешни на стартот – Крка му нанесе голем пораз на соколите


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Кошаркарите на Карпош Соколи беа поразени во дебитантскиот натпревар од Крка во Словенија со 81:64.

    Од стартот кошаркарите на Крка ја започнаа доминацијата. Во првата четвртина само ја зголемуваа предноста, а стигнаа до 12 поени, 28:16. Соколите и втората четвртина ја одиграа катастрофално, постигнаа само 14 поени. Словенците на полувреме имаа предност од 24 поени, 54:30. Најголемата предност на Крка беше 29 поени, 61:32. Во последните десет минути од натпреварот домашните кошаркари влегоја со предност од 17 поени, 67:50. На стартот на последната четвртина кошаркарите на Карпош Соколи намалија на 9 поени, 69:60. Домашните кошаркари ја задржаа предноста и заслужено славеа со 81:64.

    Луковиќ со 19 поени ја предводеше Крка до победа. Двоцифрени во словенскиот тим беа и Ребец (14), Цебулар(13) и Димец(12). Зековиќ кај соколите беше најефикасен со 13 поени. Дувњак и Вркиќ натпреварот го завршија со по 11 поени. Американците Пери(7) и Мек(6) одиграа лош натпревар.