Барселона минимално – Лош натпревар на Лазаров против Кил


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона во ЛШ славеа на домашен терен во дерби натпреварот против Кил минимално, 26:25.

    На полувреме Кил имаше предност од три погодоци, 10:13. Во вториот дел каталонците се вратија во натпреварот и во последните моменти од натпреварот славеа со 26:25.

    Валеро Ривера кај каталонците постигна 6 погодоци. Виктор Томас го заврши натпреварот со 5, а македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров постигна 2 погодоци од 7 обиди. Домагој Дувњак беше најефикасен во тимот на германскиот клуб, 7 погодоци.