Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Судиите во италијанската Серија Б имаат право покрај жолтите и црвените картони да им покажуваат на фудбалерите и зелен картон.
Зелениот картон е јавна пофалба од судиите дека фудбалерот направи нешто добро, а Серија Б е првата професионална лига која воведе ваков начин на стимулирање.
Картонот со зелена боја беше покажан пред три дена на натпреварот Ентела – Виченца. Напаѓачот на гостите, Кристијан Галано доби пофалба од причина што покажа на грешката на линискиот судија кој му додели корнер на Виченца, а тоа беше гол-аут.
Така Галано стана првиот фудбалер во Италија кој позелени, но не од мака.