И Гвардиола би можел да се согласи со изјавата на Харт

    Англискиот чувар на мрежата, Џо Харт ова лето од екипата на Манчестер Сити се пресели во Торино.

    Харт го напушти Сити по десет години, а причината беше доаѓањето на шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола.

    Гвардиола веднаш го ангажира голманот на Барселона, Клаудио Браво и беше јасно дека за Харт повеќе нема место во тимот. Овој одличен голман вели дека некои луѓе за него сметаат дека е бескорисен.

    „Фудбалот е игра на мислење. Некои луѓе имаат големо мислење за мене, а некои мислат дека сум сосема бескорисен. За жал за мене, мислењето на еден од моите менаџери за мене не беше високо. Не бев прв голман и морав да побарам друг клуб“, изјави Харт.

    „Да бидам искрен, не седев со 25 понуди пред мене. Торино беше добра понуда и во моментов е мојата единствена окупација“, додаде Харт.