Манџукиќ е јунакот на Хрватска, Грузија освои бод против Велс, Украина го декласира Косово, Израел нижи победи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се одиграа четири натпревари од групната фаза за пласман на СП.

    Хрватска повторно го слави Манџукиќ. Напаѓачот на репрезентацијата на Хрватска го постигна победничкиот погодок против Финска.

    Израел на домашен терен го совлада Лихтенштајн со 2:1. Хемед со двата погодоци му донесе нови три бода на својата репрезентација.

    Косово беше декласиран од Украина, 0:3. Краветс во првото полувреме му донесе водство на Украинците. Јармоленко и Ротан во период од шест минути ја осигураа победата на Украина.

    Изненадување во Кардиф каде репрезентацијата на Грузија извлече бод против Велс. Герет Бејл после десет минути игра му донесе водство на Велс. Во 57-ма минута Окриашвили погоди за израмнување и до крајот резултатот не се промени.