Јаноне ја пропушта трката во Јапонија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Андреа Јаноне ќе ја пропушти претстојната трка за ГН на Јапонија поради повреда која ја доби во Сан Марино.

    Јаноне при падот на првиот тренинг го повреди пршленот и лекарите не му дадоа дозвола која ја посакуваше. Италијанецот исто така не возеше и во Арагон. Поточно се обиде да вози, но поради болки се повлече и го замени Микеле Пиро исто како во Мизано.

    Се очекуваше Јаноне да биде спремен за Мотеги, но лекарите повторно не му дадоа дозвола.

    Јаноне нема да биде заменет во Мотеги бидејќи листата на возачи е комплетирана, па Андреа Довициозо ќе биде единствениот возач на Дукати во 15-та трка оваа сезона.