Војна на Мерисајд за новиот Погба

    Младиот фудбалер на Лил ги полуде островските ривали, ќе видиме кој ќе успее.

    Двата клуба од Ливерпул ќе се борат за потписот на младиот фудбалер на Лил.

    Карамелите и Црвените ќе одиграат уште еден дерби натпревар, овој пат на трансфер пазарот.

    Момчето за кое ќе се води војната е Суаљињо Меите, младиот репрезентативец на Франција и фудбалер на Лил. Тој моментално е на позајмица во Зулте Варегем, а има заинтересирани и од Германија.

    Вредноста на 22-годишниот фудбалер се проценува на 6 милиони фунти.

    Со својата игра Меите потсетува на Пол Погба.