Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Атлетико Мадрид е единствениот клуб кој постои за него.
Антоан Гризман е на мета на многу клубови, Жозе Мурињо го гледа како идеална замена за Вејн Руни, а одамна е познато дека и ПСЖ е заинтересиран.
Француските медиуми упорно го враќаат во татковината меѓутоа Гризман не е заинтересиран да ја промени средината.
„Никогаш не знаеш што ќе се случи во иднина, но сега го немам ПСЖ во плановите. Можеби еден ден, но овој момент Атлетико е мојот единствен тим. Фокусиран сам на својата игра и да освојам важни титули со тимот“, изјави Гризман.