Загреб лесно си поигра со Металург


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург беа поразени од Загреб во Хрватска во натпревар од СЕХА со 29:20.

    Од старт доминацијата ја потврди фаворитот на натпреварот, Загреб. На полувреме домашните ракометари заминаа со предност од 13:10. Во вториот дел ракометарите на Загреб продолжија да играат фантастично. Лесно направија голема предност која беше недостижна за тимот на Лино Червар. Металург на крајот загуби со 9 погодоци, 29:20.

    Мандалиниќ и Контрец го предводеа Загреб со по пет погодоци до нова победа во СЕХА. Костески и Драгаш најмногу се истакнаа кај Металург со по пет погодоци.

    После шест одиграни натпревари во СЕХА, клубот од Автокоманда има 4 порази.