Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец, Тони Крос во следните неколку недели би требало да го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија денеска пренесоја дека „кралскиот“ клуб подготвил нов договор за Крос, кој наскоро би требало да биде потпишан. Реал не сака да ризикува, па на Германецот му подготвија договор кој не може да се одбие.
Имено, Реал Мадрид на германскиот фудбалер му понудил договор до летото 2022. година, а тој годишно би заработувал по 20 милиони евра. Доколку оваа приказна стане реалност, Крос ќе стане најплатениот германски играч.
Крос во Реал Мадрид пристигна во 2014. година од Баерн Минхен и до сега одигра 75 натпревари и постигна четири гола.