Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер, Пабло Забалета во јануари најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.
Од доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“, Забалета нема многу можности за игра. Иако шпанскиот стратег изјави дека Забалета е важен дел од неговата екипа, стана јасно дека Аргентинецот е во друг план.
Овој 31-годишен фудбалер ова лето одлучи да остане на „Етихад“ бидејќи доби ветување од Гвардиола дека ќе игра, но за кратко време се предомисли. Англиските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот фудбалер добил понуда од Интер, и дека уште во јануари би можело да се пресели на „Меаца“.
Дополнителна причина за заминување би можело да биде тоа што не доби нов договор од клубот пред неколку месеци кога и самиот побара продолжување на соработката. Сегашниот договор на Забалета со „граѓаните“ му истеува летото 2018. година.