Луј Ван Гал го избрка бидејќи е слаб, а сега е легенда и иден претседател на Барса!


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Шпанскиот дефанзивец, Жерар Пике (29) нема добри сеќавања од соработката со Луи Ван Гал.

    За време на ерата на Ван Гал во каталонскиот клуб, Пике беше отпишан и во 2004. година се пресели во Манчестер Јунајтед, а во Барселона се врати четири години подоцна и во меѓувреме стана незаменлив член во првиот состав.

    „Никој не можеше да претпостави кој ќе биде прв тренер кога ќе дојде време да дојдам во првиот тим. Кога бев на прагот, тогаш Ван Гал беше прв тренер, а во една прилика ме турна, ме фрли на земја и ми рече дека никогаш нема да бидам доволно добар за да играм во Барселона.

    Целосно ме уништи. Во Барселона не смеевме да одиме во теретана пред 18 години, тоа беа негови методи. Беше многу тешко“, откри Пике.

    За Барселона, Пике од своето враќање одигра над 300 натпревари во сите натпреварувања и му помогна на клубот да дојде до голем број на трофеи.

    „Сакам да бидам претседател на Барселона. Тоа е мојата најголема цел кога ќе се повлечам. Не се гледам себеси како тренер, мислам дека нема да уживам во таа работа. Како претседател, можам да направам многу работи за својот клуб, бидејќи тоа е моја најголема страст. Мојата кариера ќе заврши за неколку години, а тогаш ќе се потрудам да станам претседател на Барселона“, нагласи Пике.