Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави денес дека мисли дека е најдобар во светот.
Португалецот е еден од фаворитите за освојување на Златната топка после тоа што оваа година ги освои ЛШ и ЕП.
„Во мојата глава јас сум најдобар во светот. Напорно работам секој ден со амбиција да бидам најсилен. Секогаш сакам да напредувам, многу сум мотивиран и верувам дека тоа е клучот за мојот успех“, изјави Роналдо.
Роналдо кој се повреди во финалето на ЕП изјави дека се чувствува блиску до топ формата.
„Заработив голема повреда, пропуштив два и пол месеци, но сега се чувствувам добро. Спремен сум да уживам во уште една спектакуларна сезона“, заврши Роналдо.