Раул Гонзалез – Очекувам салата да биде полна и ќе ни е потребна подршка од трибините


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез за претстојниот натпревар на македонскиот шампион против ПИК Сегед на прес-конференцијата најави тежок натпревар.

    „Треба да се спремаш за се и да бидеш подготвен за промени. Јас знам како размилсува Пастор, и тој знае како јас размислувам. Затоа ќе биде тешко. Лани игравме двапати и победивме. Не се знае како ќе дојде тука ПИК Сегед. Мислам ќе има некое изненандување. Кога се игра против Пастор секогаш треба да бидеш спремен на изненадување. Повеќе или помалку се спремаме за се. Нема да игра Горборк за ПИК Сегед, но кога имаш 18 играчи, има и други што играат добро и одбрана и напад“, изјави Раул Гонзалез, тренер на Вардар.

    „Треба да ја искористиме нашата добра форма сега имаме добар момент и убава победничка низа. Пик Сегед ќе биде тешок противник, тие имаат искуство и квалитет и играат добар ракомет. Треба да играме сто отсто. Очекувам и дека салата ќе биде полна и ќе ни треба подршката од трибините. Ако сакаме нешто повеќе оваа сезона треба да се победува дома. Очекувам да играме добро, затоа што малку по малку сме се подобри. Немаме проблеми и сите сме спремни. Сите сме подготвени и очекувам да одиграме квалитетен натпревар, зошто кога се игра против Сегед мора да одиграте добар ракомет“, заврши Раул Гонзалез.