Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исусниот англиски менаџер, Хари Реднап има решение за кризата во која се наоѓа Вејн Руни. Капитенот на Манчестер Јунајтед и Англиската репрезентација стана резерва во двата тима, а навивачите често го критикуваат поради лошата форма.
Најдобриот стрелец во историјата на Англиската репрезентација постигна само еден гол на последните 13 настапи за клубот и репрезентацијата.
„Тој дефинитивно нема да биде среќен доколку седи на клупата. Не е таков играч. Доби неправедно многу крититки во последно време, но и понатаму тврдам дека е одличен играч и дека на клупски и репрезентативен план може многу да придонесе. Руни е играч кој на големите клубови може да му донесе дополнителен квалитет. Треба да премине во клуб како Арсенал или Челси за повторно да ја започне кариерата“, изјави Реднап.
Руни за десетина дена ќе наполни 31 година, кариерата ја започна во Евертон, но во Јунајтед е веќе 12 години. Постигна 263 гола за двата клуба и 53 гола за Англија.
Останува да видиме дали Руни ќе го послуша советот на искусниот стратег и да премине во еден од лутите ривали на Манчестер Јунајтед.