Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наполи денеска го игра големото дерби во 8. коло од Серија А против екипата на Рома.
Како што веќе е познато, Наполи ќе биде ослабен поради отсуството на Аркадиуш Милик, полскиот напаѓач кој неодамна доживеа тешка повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените долго време.
Во тешките денови за Полјакот, навивачите на Наполи се подготвени да муја дадат најголемата можна поддршка, а тоа планираат да го направат со специјална кореографија во негова чест.
Навивачите на Наполи на денешниот натпревар против Рома ќе покажат колку Милик за кратко време доби место во нивните срца, а нема сомнение дека сликата од „Сан Паоло“ ќе влијае врз Полјакот.