Мурињо: „Победувал или губел, ги сакам натпреварите на Енфилд“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за прв пат ќе учествува во најголемото англиско дерби.

    Јунајтед во понеделник (21:00) му гостува на Ливерпул на „Енфилд“, во 8. коло од Премиер лигата.

    Португалецот помина многу сезони во ПЛ, но за прв пат ќе биде актер на дуелот помеѓу двата најтрофејни англиски клубови.

    „Секогаш сакав да играм на Енфилд. Добивав и губев големи натпревари, не бев секогаш успешен, но сакам да играм таму. Да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед значи нешто во овој натпревар. Може да се спореди со дуелите помеѓу Интер и Милан, Барселона и Реал, па можеби Порто и Бенфика. За мене оваа сезона не е во врска со Енфилд сега и со Олд Трафорд во јануари, туку во многу натпревари, бодови и цели“, изјави Мурињо.

    Тој ги повика навивачите на Јунајтед да станат во чест на жртвите кои загинаа во трагедијата на Хилзборо во Шефилд 1989. година, со оглед на тоа дека навивачите на „црвените ѓаволи“ во последно време знаат да навреуваат во врска со жртвите кои беа убиени во 96.

    Во меѓувреме, Клоп многу го фалеше Манчестер Јунајтед, во пресрет на шестиот деул против Мурињо,