Каталонците се непобедливи – Лазаров не промаши, Борко 11 интервенции


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона во натпревар од седмото коло славеа на гости против Кангас со 23:42.

    После првите триесет минути каталонците имаа огромна предност од девет погодоци, 12:21. Во вториот дел од натпреварот ја зголемија предноста и ја запишаа седмата победа во седмиот натпревар во АСОБАЛ лигата, 23:42.

    Дика Мем со 7 погодоци ја предводеше Барселона до победа. Недесбо и Сипжак го завршија натпреварот со по 5 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна 1 погодок од 1 обид. Голманот на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски со 11 интервенции го заврши натпреварот од 34 обиди. Рубен Давид Солино Гарсија со 7 погодоци беше најефикасен кај Кангас.