Се падна седумка на лото на Висенте Калдерон – Среќен добитник Гранада


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон ја демонстрираа силата против Гранада и славеа со убедливи 7:1.

    Лошо почна натпреварот за јорганџиите, Куенка во 18-та минута погоди за водство на Гранада. Од 34-та минута па се до крајот следуваше катастрофа на Гранада. Караско со својот погодок израмни. Белгиецот пред крајот на првото полувреме уште еднаш ја затресе мрежата на Гранада за водство на Атлетико. Хет-трикот Караско го постигна во 61-ва минута. Следуваа два погодоци на Николас Гаитан и водство на Атлетико Мадрид од 5:1. Во 85-та минута Анхел Кореа погоди за 6:1. Две минути подоцна Тиаго по седми пат ја затресе мрежата на Атлетико Мадрид, 7:1.

    Атлетико Мадрид со денешната победа се врати на врвот на табелата во Примера.