Реми на Пелистер во Битола против Охрид


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Пелистер во спортската сала во Битола „Младост“ одиграа нерешено против Охрид, 25:25.

    После првиот дел беше израмнето, 11:11. И после второто полувреме немаше победник на натпреварот во Битола, 25:25. Пелистер и Охрид ги поделија бодовите.

    Ревез Чантурија беше најефикасен кај битолчани со 7 погодоци. Богдан Николиќ беше втор стрелец кај Пелистер со 5 погодоци. Блажевски Бобан со 12 погодоци најмногу се истакна во тимот на Охрид.