Дибала е ѕвездата на Јувентус – Еврогол и пенал за победа на старата дама


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус славеа на домашен терен против Удинезе со 2:1.

    Марио Манџукиќ во 26-та минута го промаши невозможното. Тоа беше казнето од Удинезе во 30-та минута. Јакуб Јанкто му донесе водство на Удинезе, 0:1. Пред крајот на првото полувреме беше досуден слободен удар за Јувентус, а Пауло Дибала постигна еврогол. На стартот на второто полувреме Родриго Де Паул направи прекршок во казнениот простор. Пауло Дибала ја зеде топката и погоди од белата точка за водство на Јувентус, 2:1. Удинезе имаше шанса да израмни во 83-та минута, но ударот на Фелипе со глава заврши во рацете на Џанлуиџи Буфон. Јувентус на крајот славеше со 2:1.

    Јувентус ја продолжи серијата на победи и има предност во однос на второпласираната Рома 6 бода.