Баварците долг период без клучниот играч

    Актуелниот германски шампион, Баерн Минхен соопшти дека Франк Рибери ќе мора одредено време да биде надвор од терените.

    Рибери последниот тренинг не го одработи комплетно поради проблемите со мускулите, а по медицинските прегледи беше потврдено дека ќе биде потребен период од две до три недели за да се опорави.

    Французинот така ќе ги пропушти натпреварите против ПСВ во ЛШ, како и натпреварот против Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах во германското првенство.

    Додека Анчелоти на еден период го загуби Рибери, во меѓувреме од повредата на стопалото по прв пат од февруари ќе се врати дефанзивецот Бадстубер.