Катастрофална последна четвртина – Задар го остави МЗТ на дното


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на МЗТ Скопје во Хрватска беа поразени од Задар во натпревар од петото коло од АБА лигата со 71:65.

    Домашните кошаркари започнаа фантастично. Стигнаа до предност од 9 поени, 14:5. До крајот на првата четвртина аеродромци се вратија во натпреварот и намалија само на два поени негатива, 25:23. Кошаркарите на Задар во завршницата пред полувремето направија предност од 7 поени, 42:35. Гостите од Скопје се разиграа и успеаа да напрат пресврт, 50:52. Во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат 54:52 за клубот од Хрватска. Катастрофа во Хрватска на МЗТ Скопје во последната четвртина. На само две минути до крајот на натпреварот, Задар ја имаше најголемата предност на овој натпревар, 13 поени, 71:58. МЗТ најмногу што успеа да направи е да ја намали предноста на 6 поени со кои и заврши натпреварот, 71:65.  Маринковиќ со 17 поени го предводеше Задар до втората победа оваа сезона во АБА лига. Рамљак додаде 13, Брзоја 12, а Барац 11 поени. Јуре Лалиќ беше единствената светла точка во тимот на МЗТ Скопје, натпреварот го заврши со 19 поени. Само Лалиќ беше двоцифрен кај МЗТ.

    Пети пораз на МЗТ Скопје во пет кола, Задар денес ја запиша втората победа оваа сезона.

     

    1