Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вечерва на „Енфилд“ ќе се одигра 197. дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Па по тој повод, ви пишуваме неколку интересни статистички факти пред големиот судир.
1. Од 48 натпревари во Премиер лигата на „Енфилд“, само еден е одигран без постигнати голови, во септември 2005. година.
2.Само еден од последните 21 лигашки натпревари помеѓу Ливерпул и Јунајтед завршија нерешено. Тоа се случи во октомври 2011. година на „Енфилд“, кога Стивен Џерард поведе за домаќините, а Чичарито изедначи.
3. Само шестмина играчи на Ливерпул постигнаа хет-трик против Јунајтед. Единствентие кои го постигнаа тоа по 1963. година се Питер Бирдсли (1990) и Дирк Кајт (2011). Во 2010. година, пак, Димитар Бербатов стана првиот играч од 1964 година на „црвените ѓаволи“ кој постигна хет-трик против големиот ривал, пред него, последен тоа го направи Стен Пирсон во 1946. година.
4. Даниел Стариџ го имаше своето деби за Ливерпул против Јунајтед во јануари 2013. година. Доколку денеска настапи, тоа за него ќе биде 100. натпревар во дресот на Ливерпул. Во првите 99 натпревари тој постигна 55 гола.
5. Само два пати во историјата на Премиер лигата, Ливерпул имал повеќе бодови од Манчестер Јунајтед во првите седум кола. Oваа сезона Ливерпул има 16 освоени бода во првите седум кола. Во 1996/97 и во 2009/08 Ливерпул имаше освоено 17 бода во првите седум кола.