Кралски фантастично! Реал само потпишува нови договори, завршена уште една акција


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Хрватскиот фудбалер доби нов договор.

    Почна со бомбастичниот потпис на Тони Крос, продолжи со историскиот договор на Кристијано Роналдо, потоа беше завршен и Пепе, а сега и официјално останува Лука Модриќ до 2020-та година.

    Со тоа е продолжена серијата на потписи на Сантијаго Бернабе и јасно е ставена сликата за иднината на клубот – за најдобрите фудбалери мора да има место, но и да бидат богато наградени за се што направија за Реал во изминатите години.

    Лука Модриќ спаѓа во тие најзаслужни за освојување на две титули во ЛШ, две во Суперкупот на Европа, Интерконтиненталниот куп, купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.

    Модриќ во Мадрид стигна со етикета еден од најдобрите светски фудбалери за врска, во Реал стана диригент. Со новиот договор ќе остане во Мадрид на истата позиција до 34-та година. Прво Модриќ потпиша со Реал до 2018-та, но кралскиот клуб не сакаше ништо да ризикува и го блиндира хрватскиот фудбалер.

    Сепак не е познато дали Модриќ ќе заработува повеќе кои досега изнесуваа 4.5 милиони евра по сезона.