Барса во неверојатна серија на домашен терен во Лигата на Шампионите

    Тимот на Барселона има 12 победи во низа на домашен терен во Лигата на Шампионите, покажа статистиката пред натпреварот против Манчестер Сити.

    Тоа е клупски рекорд, кој може да се запре по дуелот против „граѓаните“. Серијата на Каталонците започнува во сезоната 2014/15, кога Барселона го победи со минимални 1:0 Апоел. Во 12. победи во низа Барса постигна 36 гола и едвај примени 6 гола.

    Рекордот во ЛШ на домашен терен:

    Сезона 2014/15:
    Барселона – Апоел – 1:0;
    Барселона – Ајакс – 3:1;
    Барселона – ПСЖ 3:1;
    Барселона – Манчестер Сити 1:0;
    Барселона – ПСЖ 2:0;
    Барселона – Баерн Минхен 3:0.

    Сезона 2015/16:
    Барселона – Баер Леверкузен – 2:1;
    Барселона – БАТЕ Борисов – 3:0;
    Барселона – Рома – 6:1;
    Барселона – Арсенал – 3:1;
    Барселона – Атлетико Мадрид – 2:1.

    Сезона 2016/17:
    Барселона – Селтик – 7:0.