Меси го сруши рекордот на Раул


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на Барселона, Лео Меси го постигна својот 50. гол на домашен терен во Лигата на Шампионите и така го надмина поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул (49).

    Екипата на Барселона го совлада Манчестер Сити на Камп Ноу со 4:0 во третото коло од ЛШ, а Аргентинецот постигна хет-трик.

    За него ова беше седми пат во неговата кариера во еден натпревар да постигне три гола против англиските клубови.

    Меси беше одличен на натпреварот против тимот кој е предводен од поранешниот менаџер на Барселона, Пеп Гвардиола, а Аргентинецот до сега во својата кариера одигра 108. натпревари во ЛШ и постигна 91 гол со 25 асистенции.