Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Кристал Палас, Алан Пердју е отворен за преговори за превземање на Англиската репрезентација.
Во моментов, привремен менаџер на Англија е Герет Саутгејт, но сеуште не се знае дали стратегот ќе ја води репрезентацијата и во 2017. година.
„Можеби е добро Герет да остане на чело на репрезентацијата. Го познавам одлично и знам колку е способен. Никогаш не сум добил понуда да бидам менаџер на Англија. Доколу добијам понуда, не би можел да ја одбијам, бидејќи сум Англичанец. Сметам дека имам искуство за таа работа“, изјави Пердју.