“Гаучосите” го прегазија САД, Меси со мајсторија го надмина Батистута


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина е прв фаворит на Копа Америка.

Аргентинците им одржаа лекција и одржаа лекција по фудбал на репрезентацијата на САД во првото полуфинале кое беше одиграно утрово во Хјустон, славеа со 4:0 и во голем стил се пласираа во финалето.

Кој друг ако не Лео Меси, беше централна фигура на натпреварот, тој постигна фантастичен гол од слободен удар и така стана најдобриот стрелец во историјата на аргентинската репрезентација надминувајќи го легендарниот Габриел Омар Батистута.

Езекеил Лавеци донесе предност за Аргентина веќе во третата минута, а после нешто повеќе од половина час игра се случи тој момент на магија на Лионел Меси. Тоа за Меси беше 55 гол во репрезентацијата.

До крајот на натпреварот Гонзало Игуаин на два пати се запиша во листата на стрелци и ги постави конечните 4:0.