Дел Боске одбил понуда од неверојатни 10 милиони евра


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Поранешниот менаџер на Шпанија, Висенте Дел Боске гостувајќи на шпанското радио „Cope“ октри дека неодамна одбил неверојатна понуда од Кина.

    Кинезите на Дел Боске му нуделе годишна плата од дури 10 милиони евра, но искусниот стратег не е заинтересиран за преселување во Далечниот Исток.

    „Можам да потврдам дека ми беше понудено десет милиони евра, но не сум сигурен дали тоа беше за некој клуб или репрезентација. Искрено ќе ви кажам, не ме интересираше тоа“, изјави Дел Боске.

    Висенте Дел Боске во својата кариера ги водеше Реал Мадрид, Бешикташ и репрезентацијата на Шпанија.