Вардар најсреќен, Шкендија налета на Шкупи, Пелистер против Силекс


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Денес беа извлечени двојките за 1/4 финалето во купот на Македонија.

    Актуелниот освојувач на купот, Шкендија првиот натпревар ќе го игра против Шкупи на гости. Пелистер на стадионот под Тумбе Кафе ќе го пречека Силекс, а прилепска Победа ќе игра против Брегалница. Фудбалерите на Вардар беа најсреќни после овој ждреб бидејќи им се падна Металург, најлесниот противник.

    Првите натпревари се играат на 23-ти ноември во 13:30 часот, а реваншите на 7-ми декември во 13:00 часот.