Дојде Самсоненко на клупата и Вардар даде 41 – Лајпциг брзо се предаде во Јане Сандански


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарките на Вардар славеа во Јане Сандански убедливо против германски Лајпциг со  41:24. во второто коло од Лигата на Шампионите.

    Фантастичен старт на Вардарки и големо водство на стартот од 7:1. Потоа се играше гол за гол и на крајот ракометарките на Вардар заминаа на полувреме со предност од 5 погодоци, 19:14. Повторно стартуваа одлично домашните ракометарки. Направија многу серии од по два погдооци. Осум погодоци во серија постигнаа Вардарки  за 17 погодоци предност, 38:21. Големата победа Вардар ја потврди со 41 погодок. Лајпциг успеа да постигне само 24 погодоци на денешниот натпревар. ЖРК Вардар ја запиша првата победа оваа сезона во ЛШ.

    Јованка Радичевиќ беше најефикасна во Вардар со 6 погодоци. Тамара Мавсар, Сања Дамњањновиќ, Андреа Пенезиќ, Татјана Хмирова и Сара Ристовска постигнаа по 5 погодоци. Хубинген и Миневскаја со по 5 погодоци беа најефикасни кај Лајпциг.