Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако во последните неколку дена се пишува за жестоката расправија во соблекувалната на Манчестер Сити, денеска конечно Пеп Гвардиола официјално зборуваше за тоа што навистина се случува.
Сите англиски медиуми пишуваа за големиот конфликт помеѓу Пеп Гвардиола и најдобриот фудбалер на Сити, Серхио Агуеро, но денеска шпанскиот стратег ја „смири топката“ и изјави дека Аргентинецот нема да си замине никаде.
Агуеро не беше во стартната постава во најважниот натпревар на Сити во Лигата на Шампионите, а на крајот неговиот тим беше поразен со резултат 4:0 на „Камп Ноу“ од Барселона. Тоа веднаш предизвика шпекулации деkа Агуеро е подготвен да го напушти „Етихад“.
„Го почитувам Агуеро. Тоа беше одлука, така ја обележав формацијата и требаше тоа да го испочитуваме на теренот. Разговарав со Агуеро за тоа и тој ме разбра. На крајот доста ни помогна и од клупата“, изјави Шпанецот.