Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска на распоредот е големото дерби на италијанскиот и светскиот фудбал кој ќе се одигра на „Сан Сиро“ помеѓу двата најголеми италијански клуба, Милан и Јувентус.
Веќе со години ова дерби не привлекува многу внимание поради лошата ситуација на Милан која беше предизвикана од финансискиoт власник, Силвио Берлускони. Сепак, оваа сезона се започна како што треба за Милан, а клубот од 1. ноември ќе го превземе Кинескиот конзорциум предводен од Робин Ли.
Јувентус е прв на табелата во Серија А со 23 бода, додека Милан го дели второто место со Рома со пет бода помалку. Подолго време не се случлило Милан да е на таа позиција, па менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е под голема претпазливост.
„Морам да му честитам на Милан поради добрите резултати во лигата. Имаат неколку млади играчи кои ќе бидат иднина на италијанската репрезентација. Натпреварите помеѓу Милан и Јувентус секогаш се тесни. Против Интер бевме фаворити и добивме тежок удар“, изјави Алегери.
„Мораме да биде внимателни, Сусо и М`Баје Нианг имаат добра техника. Карлос Бака е добар напаѓач, Џакомо Бонавентура е креатор на играта. Го почитуваме Милан, тие имаат млад тим, силни се. Го заслужија второто место на табелата, но сезоната е долга“, додаде Алегри, кој во 2011. година ја освои последната титула на Милан.
Натпреварот помеѓу Милан и Јувентус на програмата е денеска од 20:45 на „Сан Сиро“.