Филип Талески - Можеме да му парираме на Монпелје

    Металург утре ќе гостува кај најтрофејниот француски клуб Монпелје во натпревар од Лигата на Шампионите.

    Клубот од Автокоманда утре ќе биде без Мартин Марчец, Немања Младеновиќ и Милош Драгаш.

    „Не очекува едно од најтешките гостувања сезонава во Лигата на шампионите. Монпелје е една од најсилните екипи во нашата група, која во својот состав има повеќемина квалитетни и искусни репрезентативци, изјави Филип Талески, капитенот на Металург.

    „Многу ќе ни недостига Драгаш и во нападот и во одбраната, но со максимално залагање и борбеност ќе се потрудиме да ја пополниме таа празнина во тимот. Ги анализиравме нивните игри и знаеме кои се нивни добри и лоши страни. Доколку се држиме до договорот и сите го дадеме максимумот, верувам дека можеме да му парираме на искусниот француски состав“, заврши Филип Талески.

    По четири кола Металург има две победи и два порази.