Списокот на аргентинците за дерби натпреварите во квалификациите – Две изненадувања! Кој ќе го чува нападот Меси, Игуаин, Агуеро?


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ги нема Рохо, Краневитер, Ламела, Икарди…

    Изненадувачки список на селекторот Едгард Бауза. И тоа во моменти кога нема простор за експерименти. Пред квалификациското дерби за пласман на СП против Бразил кое е закажано на 10-ти ноември Бауза одлучи да повика двајца дебитанти.

    Се работи за десниот бек на Сао Паоло, Хулијо Буфарини кој во летото се пресели од Сан Лоренцо во бразилскиот гигант. Второто име кое не се очекуваше е Маркос Акуња, крилниот напаѓач на Расинг.

    Бауза на списокот приордно го врати Меси, а во репрезентацијата повторно се и напаѓачот на Атлетико Минерио, Лукас Прато, потоа Енцо Перез и голманот Херонимо Рули кој ќе го замени повредениот Маријано Андухар.

    На 10-ти ноември Аргентина игра против Бразил во Бело Хоризонте, а потоа со Колумбија на домашен терен на 16-ти ноември.

    Голмани: Нахуел Гузман(Тигрес), Серхио Ромеро(Манчестер Јунајтед), Херонимо Рули(Реал Сосиедад)

    Одбрана: Мартин Демикелис(Еспањол), Матео Мусакио(Виљареал), Николас Отаменди(Манчестер Сити), Рамиро Фунес Мори(Евертон), Габриел Меркадо(Севиља), Факундо Ронкаља(Селта), Емануел Мас(Сан Лоренцо), Пабло Забалета(Манчестер Сити)

    Среден ред: Хавиер Маскерано(Барселона), Гвидо Пизаро(Тигрес), Лукас Биља(Лацио), Евер Банега(Интер), Енцо Перез(Валенсија), Николас Гаитан(Атлетико Мадрид), Анхел Ди Марија(ПСЖ), Хулио Буфарини(Сао Паоло), Маркос Акуња(Расинг)

    Напад: Анхел Кореа(Аргентина), Лионел Меси(Барселона), Пауло Дибала(Јувентус), Гонзало Игуаин(Јувентус), Серхио Агуеро(Манчестер Сити), Лукас Прато(Атлетико Минеиро)