Охрид со лесната победа на прилепчани е на врвот, ниту 14-те погодоци на Барос не беа доволни за победа на Работник


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во седмото коло од суперлигата се одиграа уште два натпревари.

    Охрид лесно на домашен терен го совлада Прилеп со 28:21. После првото полувреме имаа два погодоци предност, 12:10. Вториот дел само ја зголемија предноста и ја потврдија фаворитската улога. Со денешната победа ракометарите на Охрид се искачија на врвот на табелата. Блажевски Бобан со 8 погодоци го предводеше Охрид до победа. Марко Кобетиќ со 6 погодоци беше втор стрелец кај Охрид. Александар Бозаровски најмногу се истакна кај Прилеп со 5 погодоци.

    Ракометарите на Радовиш и Еурофарм Работник ги поделија бодовите, 34:34. Битолчани на полувреме заминаа со еден погодок предност, 16:17. На крајот двата клуба се задоволија со реми. Исто така имаше и инцидент. Милосављевиќ Игор со 9 погодоци беше најефикасен во тимот на Радовиш. Сергио Хенрике Монтеро Де Барос одигра фантастичен натпревар и постигна 14 погодоци за тимот на Еурофарм Работник.