Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно отворено говореше за состојбата на капитенот на клубот, Вејн Руни.
Сите знаеме дека Руни не игра добро оваа сезона, а пред неколку дена доживеа и повреда на натпреварот во Лигата на Европа против Фенербахче и така ќе го пропушти денешното дерби против Челси. Многумина мислат дека Руни ќе го напушти „Олд Трафорд“ по долгогодишната љубов и среќата ќе ја бара во некој друг англиски или американски клуб.
Сепак, Мурињо стави точка на сите шпекулации дека Руни ќе го напушти клубот.
„Никогаш во животот нема да дозволам тој да си замине. Играч со таков статус во клубот и со таква позиција во историјата на Јунајтед не смее да биде под притисок од менаџерот да донесува одлуки какви што тој сака. Единствено ако Руни побара трансфер, тогаш ќе го пуштиме“, изјави Португалецот за „Sky Sports“.