Гвардиола објасни во кој случај ќе даде отказ


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Манчестер Сити на средината од неделата беше поразен од Барселона со 4:0 во рамките на 3. коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

    Навивачите на англиската екипа очекуваа дека нивниот тим може непоразен да ја напушти Барселона бидејќи сега Сити е предводен од Гвардиола. Сепа, тоа не се случи, а по тешкиот пораз на „Камп Ноу“ многумина го критикуваа стилот на игра избран од шпанскиот стратег.

    „Нема шанси да го променам стилот на игра. Доколку лошите резултати продолжат, попрво би дал отказ и би се вратил во Шпанија отколку да го променам стилот на игра на својата екипа. Во седум години освоив 21. титула, а тоа се три титули по сезона играјќи го овој стил“, изјави Гвардиола.

    Шпанскиот стратег додаде дека не го разбира големиот притисок на неговата екипа, но дека верува дека Манчестер Сити ќе го покаже најдоброто од себе во оваа сезона.