Се знае кој е главен во Скопје – МЗТ го доби македонското дерби против Соколи


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во македонското дерби одиграно во Јане Сандански, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Карпош Соколи со 74:71.

    Соколите стартуваа со серија од 0:5. Катастрофално ја одиграа првата четвртина кошаркарите на МЗТ Скопје и ја загубија со 8:25. Аеродромци во втората четвртина се враќаа пополека од големата негатива. Соколите на полувреме заминаа со предност од 7 поени, 24:31. После долго време кошаркарите на МЗТ го презеде водството во третата четвртина, 35:34. Домашните кошаркари влегоа во серија од кошеви и стигнаа до водство од 7 поени, 41:34. Гостите намалија до два поени, 44:42, но аеродромци на крајот на третата четвртина постигнаа кошеви во серија и во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од шест поени, 48:42. Соколите стартуваа фантастично во последниот дел од натпреварот, го презедоа водството, 50:52. Потоа домашните кошаркари повторно постигнаа неколку кошеви во серија и стигнаа до најголемата предност од натпреварот, 8 поени, 61:53. Соколите таа предност ја спуштија на три поени, 68:65. Кларк погоди тројка за водство од шест поени на МЗТ, 71:65. Темс беше фаулиран и погоди едно слободно фрлање за 73:71, Зековиќ во следниот напад промаши шут за израмнување. Синовец го погоденото едно слободно фрлање ги постави конечните 74:71 МЗТ славеше со 74:71 во македонското дерби за прва победа оваа сезона во АБА лига.

    Клоф со 14 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ. Синовец додаде 13, Темс 12, а двоцифрени беа и дебитантот Кларк и Скот кои постигнаа по 11 поени. Кај гостите Пери го заврши натпреварот како најефикасен со 22 поени. Мавра постигна 15, а Лабовиќ 10 поени.