Тешка победа за Фенербахче против Јесилгиресун – Антиќ солидни 11 поени


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фенербахче славеа во натпревар од третото коло од турската суперлига на гости против Јесилгиресун со 61:72.

    Лошо го започна фаворитот овој натпревар. После првата четвртина резултатот беше израмнет, 18:18. На полувреме кошаркарите на Фенербахче заминаа со предност од 1 поен, 37:38. Третата четвртина го реши победникот на овој натпревар. Со предност од шест поени влегоа во последните десет минути од натпреварот. Гостите направија голема предност на стартот, дванаесет поени. Кошаркарите на Јесилгиресун намалија на два негатива, 61:63. И од кога ја намалија предноста до крајот на натпреварот домашните не постигнаа кош до крајот на натпреварот. Фенербахче ја запиша втората победа оваа сезона, 61:72.

    Нунали беше најефикасен во тимот на Фенербахче со 14 поени. Богдановиќ додаде 13, македонскиот кошаркар Перо Антиќ го заврши натпреварот со 11 поени.