Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Брера Струмица во пролетниот дел од првенството ќе биде предводена од Тони Атанасов како главен тренер и неговиот помошник Панче Стојанов, кои доаѓаат од Струмица.
Одлука која Управата на клубот ја донесе по спогодбениот раскин на соработката со Горазд Михаилов, кој го водеше тимот во есенскиот дел.
Тони Атанасов и Панче Стојанов се веќе добро познати во струмичката јавност. Својата успешна кариера ја изградија како фудбалери и тренери во младинските категории на Академија Пандев, а сега ќе ја продолжат во Брера Струмица. Со својот професионален пристап, ќе се обидат да извлечат максимум од тимот кој есенскиот дел го заврши на осмата позиција.