Младински репрезентативец на Гамбија се пресели во Брера


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Во подготовка за пролетниот дел од првенството, Брера се засили со 23-годишниот фудбалер Фодеј Травали, кој игра во средината на теренот.

Се работи за поранешен младински репрезентативец на Гамбија, кој веќе пет години е дел од европските фудбалски настани.

Тој пристигна во Струмица како слободен играч, после што во есенскиот дел беше месец дена во Четникаја, Кипар.

Пред тоа, Травали го носеше дресот на Бејкож Анадолу во Турција и одигра две сезони за Паиде и Калев во Естонија, а неговото европско деби го реализираше во младинскиот состав на Велје во Данска.