Безобразниот Алвес го провоцираше Меси, Аргентинецот му ја замолкна устата и ја „скина“ мрежата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Бразилскиот голман не успеа да го поремети Аргентинецот во својата психолошка работа.

    Диего Алвес, специјалистот за бранење на пенали во саботата на успеа да го запре ударот на Лионел Меси за победа на Барселона.

    „Ти бранев пенали, се сеќаваш?“, му кажа Алвеш на Меси дури се спремаше да го изведува пеналот.

    Меси само климна со главата, но не гледаше во Алвес. Главниот судија Ундијано Маленко виде што се случува и го предупреди голманот на Валенсија.

    Сепак на голманот тоа не му помогна бидејќи Меси ладен како шприц ја испрати топката во долниот десен агол под рацете на Алвес.